За диктаторите облечени во демократско руво - Трамп и другарите против напредокот.
На изборите во САД за претседател повторно беше избран Доналд Трамп.
Оној истиот против кој се водат неколку судски
постапки и кој е веќе осуден за сторени кривични дела.
На отворено и огромно жалење на голем дел од демократските
и прогресивни сили во САД и во светот.
Граѓаните на САД на слободни и демократски избори си
избраа претседател.
И некој ќе праша, што ми е па мене гајле за тоа кој е претседател
на САД.
Всушност многу е важно и треба да ни биде многу гајле кој
е на чело на САД.
Прво САД се моментално економски и воено
најмоќната држава на светот. Зад неа се Кина и Русија (кои го менуваат второто
место зависно од тоа дали станува збор за економска или за воена моќ). Меѓутоа
САД се неприкосновено први.
Надворешната политика на САД, но и внатрешните случувања
во САД имаат многу директно влијание врз светските случувања и случувањата во
одделни држави (па и во Македонија).
Таа може да ги диктира условите за мир и завршување на
конфликти меѓу државите или во државите, или пак може да поттикнува конфликти и
војни. Може да поддржува одредени владејачки кругови или да руши влади и
коалиции во други држави. Може да го поттикнува развојот на одделни држави или,
да го запира па та дури и да го уназадува развојот на одделни држави.
Второ, еднакво , па дури можеби и уште
поважно е тоа дека, тоа е држава која може да го трасира патот на повеќе права
и слободи за луѓето воопшто (за човештвото во целина) или да поддржува
ограничување и намалување на овие права и слободи.
Кога претседателот на Америка и со тоа и
целокупната негова администрација ќе излезе во јавноста со намера да воспостави
политики спротивни на правата на жената и правото на абортус, со
политики кои го величаат традиционалното разбирање на семејството и на родовите
односи, со политики кои значат ограничување на почитувањето на различноста, антимигрантските
политики и ксенофобијата, либерализација на користењето на оружјето од секој
човек, тоа како бран се шири низ светот.
И не е случајно тоа што одеднаш се дигаат главите на сите
конзервативни сили, добиваат поддршка и замав сите оние кои го влечат
човештвото назад, кон веќе изминатите вредности и односи, кон ограничување на
правата и слободите на големи категории лица.
И не случајно, веднаш по изборот на Трамп почнаа да се
јавуваат организациите за заштита на човековите права и слободи.
На пример, веднаш по изборот на Трамп се јавија лекаритеза човекови права со изјава дека: Ќе ја мобилизираат целата
мрежа и сите ресурси за да ги заштитат човековите права во Соединетите држави и
во светот.
Според нив: Помеѓу политиките поддржани од Трамп и неговите сојузници се националната забрана за абортус, масовните депортации на имигранти, милитаризираните мерки против слободното изразување, демонтирањето на мерките за јавно здравје и поткопувањето на глобалниот систем за човекови права, а сето тоа го загрозува здравјето и човековите права.
Се огласи и организацијата Human Rights Watch,
според која: Вториот мандат на Доналд Трамп како претседател на Соединетите
Американски Држави претставува сериозна закана за човековите права во
Соединетите држави и во светот. Овој став се базира на податоците собрани во
време на првиот мандат на Трамп како претседател, за злоупотреба на правата за
време на неговиот прв мандат, неговата поддршка на поддржувачите на
идеологијата за белата супериорност, поддршката на екстремните антидемократски
и политики насочени против основните права и слободи на луѓето предложени од конзервативни
тинк-тенкови предводени од поранешни соработници и предизборните ветувања,
вклучително за собирање и депортирање милиони имигрантите и промоција на
политики на реваншизам кон политичките противници.
Се јави и организацијата Amnesty International. Според нив, за
време на првата претседателска администрација на Доналд Трамп, организацијата документирала
нанесување голема штета на човековите права, вклучително и напорите за
редефинирање на човековите права на начин кој би ја загрозил универзалноста на
важењето на правата. Поаѓајќи од ова, организацијата соопштува дека е
подготвена да ги брани човековите права во вториот претседателски мандат на
Трамп.
Според оваа организација, заштитата на човековите права
во САД пред се значи ставање крај на насилството со огнено оружје и гарантирање
соодветна здравствена заштита за сите, вклучително и абортус. Во поширока
смисла според нив, тоа значи почитување на правата на демонстрантите, како и на
мигрантите и луѓето кои бараат азил.
Овие предупредувања мора да се разберат многу сериозно и
во секој случај да ги алертираат прогресивните сили во сите држави во светот.
Трет елемент кој дефинитивно треба да не загрижи со
изборот на Трамп за претседател на САД е национализмот кој го промовира Трамп.
Всушност бранот на кој исплива Трамп на површина и по втор пат ја освои власта
е бран на отворен национализам поддржан со идејата за белата супериорност.
Токму паролата: Америка на прво место е една од
најопасните пароли која треба многу да не загрижи. Америка на прво место значи
дека сите други се помалку важни, можат да бидат згазени во име на Америка.
Значи дека не се важни индивидуите и нивните права туку државата како
колективитет. Значи нова поделба на блокови. Значи
отстапување од меѓународните договори и веќе прифатените вредности на
меѓународно ниво во име на заштита на интересите на Америка.
Паролата Америка на прво место има и длабоки историски
корени. Таа враќа длабоко во американската историја, и расистичките,
антисемитски и ксенофобични политики.
Со белиот национализам кој го форсира Трамп тој
неверојатно многу се приближува кон германскиот национализам од Втората светска
војна и на теориите за супериорност на ариевската раса.
Во исто време, со ориентацијата кон поставување на
сопствената држава на највисок можен пиедестал, се отвора простор за големи
нарушувања на човековите права секаде низ светот и секогаш кога некоја
активност ќе биде оценета како штетна за Америка.
Според мене, ова е една од најголемите закани за
концептот за човекови права која може да се замисли во 21 век.
Овој вид на национализам воспоставува своевидна
привилегија за моќните држави да го
игнорираат меѓународното право и одлуките на меѓународните институции за да
можат да прават што сакаат во границите на нивните земји па и надвор од нив.
Планот за владеење на Трамп во неговиот втор мандат, подготвен
и поддржан од конзервативците во вид на проект (под име Проект2025 мандат за водство – подготвен од десничарската фондација Херитиџ и нивните
екстремно десничарски сојузници – предвидува нова ера на американска воена
самоувереност. Ако го следи овој план, Трамп ќе ги надополни исцрпените
резерви, ќе ги зајакне нуклеарните капацитети и ќе ја милитаризира границата со
Мексико. Можеби најстрашно, Проектот 2025 препорачува префрлање од „одбранбени“
во „офанзивни“ активности во вселената и сајбер операциите.
Македонија веќе има направено отстапка од своите меѓународни обврски со тоа што има донесено Закон со кој се штитат од екстрадиција на Меѓународниот кривичен суд државјаните на САД гонети од овој суд за дела направени на територијата на Македонија и на трети држави, кои ќе се најдат на територијата на Македонија (З А К О НЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ВЛАДАТА НА МАКЕДОНИЈА И ВЛАДАТАНА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ КОЈ СЕ ОДНЕСУВА НА ПРЕДАВАЊЕТОНА ЛИЦА НА МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД).
Против срамниот вазалски Закон со кој американските државјани се ставаат на повисоко ниво на заштита од македонските, со кој се негира надлежноста на Меѓународниот кривичен суд и со кој се откажуваме од сопствениот суверенитет во полза на САД, е поднесена иницијатива до Уставниот суд. Уставниот суд во состав:
Национализмот на Трамп има и економска димензија.
Според голем број аналитичари оваа димензија може да
внесе глобална дестабилизација и нови конфликти на светско ниво.
Америка на прво место во економијата значи дека
најсилниот може да ги погази сите меѓународни норми доколку е тоа во негов
интерес, може да уништува, подмитува, манипулира. Доколку е тоа во негов
интерес. Нема друга граница на делувањето освен интересот на Америка. Америка
без ограничувања.
Според некои аналитичари ова може да доведе до трговски војни кои ќе ја
влошат глобалната инфлација и ќе го турнат светот во нова рецесија,
Меѓутоа, можеби дури и изборот на вака димензиониран
националист кој ја поддржува христијанската бела супериорност и не би бил толку
страшен (дури и кога станува збор за најмоќната држава на светот) доколку конзервативниот
национализам не е
веќе присутен во држави кои се членки на ЕУ како структура која би требало
да стои на браникот на човековите права.
Конзервативниот национализам на европските држави е исто
така по правило пропратен со хомофобија,
ксенофобија и ограничување на правата на жените и се разбира
доминантно вртење кон интересите на сопствената држава.
Победниците на последните избори во Австрија се припадниците на крајно десничарската партија на слободата (формирана во 1956 година од поранешни нацисти).
Победници на последните избори во Италија се Браќа на
Италија кои имаат тесни врски со нео-фашистите.
Оваа партија е составена од повеќе фракции со ист
националистички именител
Италија прва
Да ја направиме Италија
Ја сакам Италија
Јас југот
Национално движење за суверенитет
Правец Италија
Браѓата на Италија се антиимигрантски, хомофобни и за
традиционално семејство. Лидерката на партијата Ѓорѓија Мелони себе се
претставува како “жена, мајка, христијанка“.со мисија да ги спаси “Бог, државата
и семејството”.
Najverojatno најблизок на трамповиот национализам меѓу ЕУ државите e автократскиот национализам на Орбан. И покрај тоа што многумина сакаат да го шретстават како национализам кој тргнал во погрешна насока, всушност, национализмот на Орбан според многу аналитичари е токму национализам кој успеал или успешен национализам.
Орбан успеа да ја дезавуира демократијата, да го исмее
правото, да ги негира основните права и слободи на човекот и сепак да остане
лидер на држава членка на ЕУ.
Блискиот исток, Латинска Америка, Азија, тонат во
национализам и негираат се она што беше постигнато на полето на човековите
права по Втората светска војна.
Национализмот, ксенофобијата, хомофобијата,
исламофобијата, ги заменија широко отворените врати на различноста,
универзалното важење на човековите права, и обединувањето на човештвото.
Во напливот на конзервативизам и национализам исчезнуваат
прекрасни творби на заедништво за кои со векови мечтаеле луѓето.
Тоа се случи со концептот на Југославија како држава во која ќе се обединат сите јужни словени. Идеја која се појавила во втората половина од 17 век а станала силна во 19 век.
За свет во кој ќе се комуницира на еден јазик сонувал Заменхов и го создал есперантото.
За универзални човекови права се избориле луѓето по Втората крвава светска војна а Универзалната декларација за човековите права е вообличена токму под водството на Елеонора Рузвелт (претходно прва дама на САД).
И наместо да почнеме да го градиме светот како место во
кое ќе се обединуваме и ќе комуницираме, Југославија е уништена во крвава
војна, есперантот не успева да се пробие како заеднички јазик затоа што ниту
една држава не го поддржува , универзалните човекови права се повеќе стануваат
утопија, а диктаторите облечени во демократско руво градат нови ѕидови.
И нам ни останува само да мечтаеме.
|
No comments:
Post a Comment