(1) ШТО МОЖЕА ДА НАПРАВАТ ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ НА ВЛАСТ ВО ИЗМИНАТИТЕ 30 ГОДИНИ А НЕ НАПРАВИЈА
или
Зошто е Македонија слепо црево на Европа
Можеа да ја
обноват, развијат и модернизираат железничката мрежа во Македонија.
Од 1870 до денес има
неколку развојни фази меѓутоа во ниту еден момент не е пристапено кон сериозно
и систематско покривање на државата со железничка пруга.
И денес всушност
располагаме со приближно иста пруга како и во Кралството Југославија:
Вака изгледа железничката
покриеност на Европа:
Железницата овозможува:
1.
Поврзување
на голем број градови и села и намалување на трајната миграција од провинција
кон главниот град.
2.
Достапност
на образовните, културните и административните услуги.
3.
Мобилност
на граѓаните.
4.
Намалување
на загаденоста.
5.
Повисок
стандард.
6.
Поголема
сигурност во сообраќајот.
7.
Полесен
превоз на стоки.
Градењето на
екстензивна железничка мрежа и одржувањето на железниците не носи екстра профит
за поединци, бара континуитет во
управувањето со државата независно од партиската гарнитура која ја има власта и
стратешко размислување.
Инфантилните, ситни
партиски џепароши немаа и немаат капацитет за 30 години да изградат железничка
инфраструктура која ќе биде корисна за сите граѓани. Напротив, секоја партиска гарнитура која ќе дојдеше на власт уништуваше дел од веќе изграденото. Затоа е Македонија слепо црево на Европа.